Ѓуро за пријателството со славните актери: „Од Анџелина добив гитара, од Бред Пит прстен“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Популарниот босански и балкански актер Бранко Ѓуриќ Ѓуро, освен локалната балканска слава, негува и популарност од светски рамки, особено на пријателско-колегијална основа со некои од планетарно славните актери од рангот на Анџелина Џоли и Бред Пит.

Соработката со актерката и режисерка Анџелина Џоли ја започнал при работењето на нејзиниот филм „Земјата на крвта и медот“. Кога Џоли решила да го снима овој филм за војната во Босна и Херцеговина, таа избрала актери од овие простори кои биле на добар глас во фелата.

„Шест месеци пред снимањето ми се јави агентката од Лондон да дојдам на состанок, но не ми кажа за што станува збор. Само ми спомна дека една голема холивудска ѕвезда прави филм. Го направивме состанокот, а кога се вратив дома, ги слушнав приказните дека Анџелина прави филм и тоа потоа го поврзав“, раскажуваше Бранко во емисијата „Во својот филм“.

Следната недела Ѓуро добил интересен имејл на англиски јазик.

„Ми се јави Анџелина: Мил Ѓуро, овде Енџи“, и така почнавме да го развиваме нашето пријателство, почнавме да се допишуваме и да соработуваме во врска со сценариото – рекол тој.

Кога се сретнаа шест месеци подоцна, Џоли веќе го третирала како стар пријател како да го знае со години. Тогашниот партнер на Анџелина, Бред Пит, исто така се појавил на сетот.

„Тој беше многу шармантен, скромен и некако срамежлив. Тој ми кажа пцости од овие подрачја на кои се сеќаваше од времето кога снимаше во 80-тите години во Црна Гора. И интересно, тој ме праша за тие луѓе, реквизитите и помошниците. Ги знаеше нивните имиња и ме праша како живеат. Тој е навистина социјално освестен“ рече Бранко.

Пријателството помеѓу Ѓуро и Анџелина остана. Таа редовно му ги честита родендените и му испраќа подароци.

„За мојот 50-ти роденден, таа ми подари гитара. Анџелина ја сака музиката. И прстенот што го имам е од Бред. На гитарата напиша посвета: Мил мој Бранко, ја сакам твојата музика, го сакам сето ова. И морам да признаам дека честопати свирам на неа на концертите“, открива Бранко.