Home Вебкафе Гунгула во Лос Анџелес и Москва: Листа на светски градови со најголеми сообраќајни гужви

Гунгула во Лос Анџелес и Москва: Листа на светски градови со најголеми сообраќајни гужви

Скоро секој поголем град се соочува со проблеми предизвикани од сообраќајната гужва, а според неодамнешната објавена анализа, меѓу 10-те градови со најголема сообраќајна гунгула се Лос Анџелес, Москва, Њујорк, Лондон и Париз.

Се проценува дека сообраќајните гужви ги чинат САД неверојани 300 милијарди долари годишно, мерено според потрошено гориво и време.

Компанијата Inrix, која нуди низа интернет услуги и мобилни апликации кои се однесуваат на сообраќајната сфера, објави анализа во која ги наведува градовите со најголема сообраќајна гужва во светски рамки. Во извештајот се наведени и просечниот број на часови кои возачите ги трошат во сообраќајни гужви во 1.064 града од 38 земји од цел свет, како и вкупното време поминато во сообраќај изразено во проценти.

Лос Анџелес е на прво место, каде возачите трошат 104 часа во сообраќајни гужви. Трошоците од овие гужви, мерени според потрошено време и гориво, изнесуваат 9,7 милијарди долари годишно, што е во просек по 2.408 долари по возач.

Еве ја целата листа од првите 10 града во светски рамки со најголеми гужви, потрошено време во гужви и вкупно време поминато во сообраќај во проценти.

1. Лос Анџелес, САД 104,1 (13%)

2. Москва, Русија 91,4 (25%)

3. Њујорк, САД 89,4 (13%)

4. Сан Франциско, САД 82,6 (13%)

5. Богота, Колумбија 79,8 (32%)

6. Сао Паоло, Бразил 77,2 (21%)

7. Лондон, Велика Британија 73,4 (13%)

8. Магнитогорск, Русија 71,1 (42%)

9. Атланта, САД 70,8 (10%)

10. Париз, Франција 65,3 (11%)

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Една фраза што НИКОГАШ не треба да ја кажете кога некој поминува низ тежок период

Кога некој минува низ тежок период, повеќето луѓе сакаат да помогнат, но често првите збор…