Групната маска „Водици во Прилеп“ победник на прилепскиот карневал Прочка 2019


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Групната маска „Водици во Прилеп“ на прилепското здружение „Прочкари“ е избрана за најдобра маска на карневалот „Прочка 2019“, кој се одржа минатиот викенд во Прилеп, а на кој учествуваа околу 600 маски од земјава и од Балканот. Во изведувањето на маската учествуваа 30 членови на здружението.

Според претседателот на карневалското жири Хилда Црнеска, по денешниот успешен настап на маските доделени се награди за најдобри современи и најдобри традиционални маски. Најдобра традициона маска е маската на учесниците од селото Куратица, Охридско, второто место го освоија гостите од Турција, а третото е за Џаламарите од кавадаречки Сопот.

Групната маска „Метаморфоза“ на учесниците од Лесковац, Србија е најдобра современа маска на прилепскиот карневал. Второто место е за учениците од прилепското средно училиште „Ѓорче Петров“ кои ја направија маската „Пролетна забава“, а третото е за „Малата сирена“ на прилепското танцово студио „Зодијак“.

На завчерашниот детски карневал, најмаска беше „Мадагаскар“на учениците од основното училиште „Блаже Конески“.