Груевски од Будимпешта: Се воздржувам да не им возвратам силно на Мицкоски и Николоски и да се чудат што ги снашло


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бившиот македонски премиер и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој моментално е во бегство пред македонските закони и има добиено азил во Унгарија, имаше видео обраќање на порталот Инфомакс. Ова е прв пат поранешниот премиер да даде изјава по неговото бегство во 2018 година. Тој претходно се јавуваше со фејбук статуси преку кои му одговарше на актуелниот лидер Христијан Мицкоски за обвинувањата .

„Се трудам да се воздржам да не кажам некои работи што ќе им направат голема штета. Јас имам многу информации, но сум незадоволен од многу работи“ – рече Никола Груевски синоќа во вонредното вклучување во емисија во живо на порталот Инфомакс.

„Јас со многу нивните политики не се согласував и сега не се согласувам, но не го кажувам тоа јавно за да не направам штета. На пример го спомнавте Александар Николоски, па јас толку работи можам да му одговорам да не може да се отплетка со месеци. Или на Христијан. И да се чудат што ги снашло“ – рече Груевски.

– Advertisements –

Тој рече дека не сака да го направи тоа, но доколку решиле да продолжат да се занимаваат со него, тогаш ќе бил тука.

„Не сакам да го направам тоа. Таа партија не е на Александар и на Христијан. Во мое време таа партија имаше 181.000 членови. Се трудам да не возвратам силно како што знам. Ги оставам да лудуваат некое време да им помине. Ако почнеме јас и моите приврзаници што сме незадоволни од ова раководство тоа води во една друга насока. Но, овие луѓе како да сакаат да се случи тоа. Но доколку се решат да се занимаваат со мене до изборите тогаш тука сум“ – заклучи тој.