Home Актуелно Груевски фотографиран со куфери на аеродром – дали ја напушта Будимпешта?

Груевски фотографиран со куфери на аеродром – дали ја напушта Будимпешта?

Дури и отсутен и сè ушта актуелен бегалец од правдата во земјава, бившиот премиер Никола Груевски од време на време знае да ја разбранува јавноста со некоја фотографија од унгарската реалност или со некој статус на Фејсбук.

Веб сајтот Mkdnews.com објави дека Груевски е фотографиран од страна од нивен редовен читател, на Меѓународниот аеродром Ферихеги – Будимпешта.

Дали екс премиерот ја напушта Будимпешта или ги испраќа пријателите кои му биле на гости, не е јасно…, пишува сајтот.

Оваа фотографија беше причина некои медиуми да го постават прашањето и дали можеби азилантот во Будимпешта, Груевски, се враќа во Македонија

Поранешниот премиер во земјава беше осуден на казна затвор од две години во случајот на СЈО „Тенк“, заради противзаконско влијание при набавка на луксузен мерцедес.

Се уште останува енигма како успеа да избега од земјава непосредно пред да оди на издржување на казната.

Фото: Mkdnews.com

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …