„Братска делба“: Македонските партии си лапнаа вкупно над 4,5 милиони евра од буџетот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според статистичките податоци кои ги објави ИРЛ, добиени од Министерството за правда, вкупно 39 македонски политички партии, колку што „гравитираат“ на нашето „политичко небо“, од државниот буџет оваа година си поделија вкупно 4.583.000 евра, а дополнително треба да се распределат уште 319.800 евра за партиско-аналитичките центри. Овие пари на партиите им следуваат споерд Законот за финансирање на политички партии.

Најмногу пари од државната каса им се поделија на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Владејачката партија доби 1.180.000 евра, а најголемата опозициска партија 1.025.000 евра. На третото место според исплатената сума е партијата на Ахмети ДУИ со 441.000 евра, а далеку зад нив се БЕСА со 255.000 евра и Алијанса на Албанците добила 245.000 евра.

Од колачот добиле и помали партии кои во најмногу случаи се дел од коалициите со големите политички партии и освоиле повеќе гласови односно повеќе пари од буџетот. Има и такви кои на последните локални избори настапија самостојно, па добиваат пари согласно процентот на гласови кои ги добиле.

Па, така на пример ГРОМ на Стевчо Јакимовски од парите на граѓаните оваа година добил 136.000 евра, а Сојузот на Ромите на Амди Бајрам 116.000 евра. Социјалистите на Ѕинго земале нешто помалку односно 81.000 евра.

Целосната верзија на статијата од ИРЛ можете да ја прочитате ТУКА.