Гризман и Симеоне едногласни: Јувентус беше супериорен во сите аспекти!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Атлетико Мадрид синоќа доживеа голем пораз од Јувентус од 3:0, па иако во Торино допатува со голема предност, сепак не успеа да избори пласман во четвртфиналето.

Првата ѕвезда на „јорганџиите“, Антоан Гризман после натпреварот призна дека Јувентус комплетно ги надиграл и тој чувствува вина поради тоа.

„Не го одигравме мечот така како што сакавме. Ова беше лоша вечер за нас и му ја олеснивме работата на Јувентус. Разочарани сме најмногу до себе си, бидејќи не успеавме ништо да одиграме. Јувентус не надигра во сите аспекти и јас чувствувам вина поради тоа. Едноставно не можам да си објаснам што се случи, имавме предност од 2:0 во првиот меч. Јувентус вечерва беше подобар, но ние му ја олеснивме работата“, изјави Гризман.

И тренерот на Атлетико, Диего Симеоне исто така се сложи дека Јувентус го надиграл неговиот тим и заслужено се пласирал во четвртфиналето.

„Јувентус беше подобар вечерва. Имавме една шанса при ударот на Мората со глава, но ништо повеќе. Јуве не запираше да не притиска и не држеше во казнетиот простор, па мораше да се браниме. Му честитам на противникот бидејќи напаѓаше многу добро. Вистина е дека и ние направивме неколку грешки, но тие беа подобри во тактичка смисла“, призна Симеоне.