Скопјанец заврши со тешки повреди откако беше удрен од автобус на ЈСП


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вчера во Скопје, во 14.15 часот, на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, автобус на ЈСП, управуван од С.С.(53) од Скопје, удрил во пешакот И.Џ.(66) од Скопје.

И.Џ. се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.