Home Шоубизнис Грдата страна на парите: Лапна 2,5 милијарди долари, а никогаш не бил поосамен

Грдата страна на парите: Лапна 2,5 милијарди долари, а никогаш не бил поосамен

Денешниот стремеж на повеќето луѓе со добри и иновативни бизнис идеи е откако ќе го развија својот производ, да им го продадат на големите играчи од светот на корпорациите за вртоглави суми и да си продолжат со удобен и релаксиран живот занимавајќи се со некоја друга идеја.

Но, што потоа? Што откако ќе го продадат својот производ во кој вложиле многу енергија и време. Би можело да следи чувство на безнадежна изолација – така барем вели Маркус Персон, познат како Ноч, основачот на мегапопуларната видео игра Minecraft.

29-11-persson1

Microsoft пред речиси една година ја купи Minecraft за 2,5 милијарди долари, а основачот не влезе во тимот на Microsoft по продажбата. По вртоглавата заработка и исплатата, како што би направиле веројатно најголем дел од луѓето, тој започнал да ужива во луксузниот живот. Купил палата од 70 милиони долари, опкружена со огромен ѕид и оттогаш организира луди забави. Сепак, по извесно време сето тоа почнало да му станува здодевно и да чувствува длабока осаменост.

„Проблемот во тоа да добиете сѐ во животот е што ги снемува причините да се обидувате, а меѓучовечките односи стануваат невозможни поради нерамнотежата“, вели тој во серијата објави на Твитер во кои ја споделува својата осаменост.

Mojang lokaler - Carl Manneh (vd), Markus Persson (grundare), Jakob Porsér (grundare)

„На Ибица сум, со куп пријатели и се забавувам со славни луѓе, можам да правам сѐ што ќе посакам, а никогаш не сум се почувствувал повеќе изолиран“, вели тој. Славата и успехот, а посебно парите, оние во изобилство, не секогаш ги носат рака под рака среќата, исполнетоста и задоволството.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Полицијата на Филипините го проверува лаптопот од поранешниот дом на таткото на Меган Маркл

Филипинските истражители проверуваат лаптоп и други материјали во рамките на истрагата за …