Home Шоубизнис Видете ја новата песна на Тајзи и Спејко

Видете ја новата песна на Тајзи и Спејко

Тајзи и Спејко не мируваат, туку напорно работат на промоција на новите песни на српски и македонски јазик. Најновото од нив е композицијата „Вози“, песна направена од балканскиот хит мејкер Слободан Вељковиќ Цоби кој стои зад милионски гледаните хитови на ЈуТјуб на Цвија, Раста, Ана Николиќ, Гру, Газда Паја и многу други српски ѕвезди.

Спотот со 3Д ефекти го направи нашиот афирмиран режисер Владимир Ивановски Дади, додека пак девојките кои ги придружуваат Тајзи и Спејко се од денс студиото „Брејк а лег“.

Текстот за двете верзии на песната е на Тајзи, додека пак зад македонската верзија како продуцент се потпишува Лазар Цветковски.

Тајзи најавува и понатамошна соработка со продукцијата „Балкатон“ на Раста со која ќе снимат уште неколку песни на српски јазик, а периодов се очекуваат и уште неколку нови македонски песни.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Полицијата на Филипините го проверува лаптопот од поранешниот дом на таткото на Меган Маркл

Филипинските истражители проверуваат лаптоп и други материјали во рамките на истрагата за …