Готово: Мурињо конечно ја доби најголемата желба!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Алваро Мората наскоро и официјално ќе стане играч на Манчестер Јунајтед, откако денес шпанските медиуми потврдија дека трансферот е комплетно договорен.

Англиските медиуми пренесуваат од доверливи извори дека Мората веќе им се доверил на пријателите дека работата е завршена и дека едвај чека да се пресели во Манчестер.

Клубовите веќе долго време преговараа за овој трансфер, а „камен на сопнување“ беше цената. „Црвените ѓаволи“ нудеа 70 милиони евра, додека Реал за неговата слобода бараше помеѓу 80 и 90 милиони евра.

Послендите информации говорат дека е постигнат договор и дека следната недела Мората ќе пристигне во Манчестер на лекарски прегледи.