Home Спорт Готово: Милинковиќ – Савиќ се сели во Милано за 70 милиони!

Готово: Милинковиќ – Савиќ се сели во Милано за 70 милиони!

Сергеј Милинковиќ-Савиќ во јануари ќе го напушти Лацио и ќе се пресели во Милано, пренесуваат италијанските медиуми.

Како што пренесува новинарот Франко Мели, многу близок до претседателот на Лацио Клаудио Лотито, Милинковиќ-Савиќ ќе се пресели во Милан за 70 милиони евра.

Двата клуба се блиску до договор и според изворот во моментов ги дефинираат бонусите, кои можат да изнесуваат и до 25 милиони евра.

Милан и минатото лето силно го посакуваше Србинот, но тогаш Лацио не сакаше да го пушти играчот за сума помала од 150 милиони евра.

Меѓутоа Милинковиќ-Савиќ оваа сезона игра многу слабо и велезе во конфликт со навивачите, па неговата цена драстично падна.

Интер и Јувентус исто така беа заинтересирани за Србинот, но според последните информации Милан победил во трката за неовиот потпис.

https://youtu.be/a4YScaF4xGc

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…