Лудница од профит: Ширан заработувал 1 милион евра дневно во 2018 година


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


27-годишниот музичар Ед Ширан во текот на 2018 година остварил заработка од скоро 380 милиони евра, што во превод значи над 1 милион евра заработка дневно.

Со тоа Ширан го сруши светскиот рекорд во заработувачка од турнеја кој го држеше неговата колешка Тејлор Свифт, која од својата турнеја ”Reputation” заработи 270 милиони евра за една година.

Меѓу топ 10 музичари кои заработија најмногу годинава се и Бијонсе и Џеј-Зи ,кои на заедничката турнеја заработија вкупно 220 милиони евра. По нив се Пинк, Бруно Марс, Ролинг Стоунс и Ју2.

Заработувачката на музичките ѕвезди била пресметана само од продажбата на влезници за концертите . Не се сметани спонзорствата , продабата на предмети , сувенири и други додатоци.