Home Актуелно Чингаровска ја призна вината за „Талир“ и се спогоди за условна казна

Чингаровска ја призна вината за „Талир“ и се спогоди за условна казна

Две години условна казна затвор доби Елизабета Чингаровска од ВМРО-ДПМНЕ од Кривичниот суд откако ја призна личната вина во случајот „Талир“ отворен за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и се спогоди со СЈО.

За случајот „Талир“ СЈО неодамна поднесе обвинение, а во моментот тоа се наоѓа на оцена пред судот, по што ќе биде познато дали на обвинетите ќе им се суди. Признанието на Чингарвска оди во прилог на обвинителството, бидејќи признала вина и го потврдила кривичното дело перење на пари.

Обвинението за незаконското финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ е поднесено против екс премиерот Никола Груевски, и неговите доскорашни соработници Кирил Божиновски, Миле Јанакиевски, Илија Димовски, Леко Ристоски и погоре споменатата Елизабета Чингаровска.

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…