Home Спорт Готово: Јувентус го доби првото зимско засилување!

Готово: Јувентус го доби првото зимско засилување!

Аксел Витсел ќе биде првото зимско засилување за Јувентус, пренесувааѕ италијанските медиуми!

Белгиецот 6 месеци пред истекот на договорот со Зенит ќе се пресечли во Торино, откако двата клуба постигнаа договор за трансфер вреден 6 милиони евра.

Витсел беше на чекор од Јувентус уште во летниот преоден рок, но тогаш Зенит во последен момент го стопираше трансферот.

Со оглед на фактот што играчот веќе има постигнато договор со „бјанконерите“ одби да го продолжи договорот со рускиот клуб, па се очекуваше на крајот на сезоната како слободен играч да се пресели во Јувентус.

Сепак, „старата дама“ сака да го има играчот за врска уште во јануари и испрати официјална понуда која Зенит ја прифати.

Трансферот официјално ќе биде потврден на 3-ти јануари, кога ќе биде отворен зимскиот преоден рок.

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…