Готово: Јунајтед го договори првото зимско засилување!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако сеуште не е официјално, медиумите тврдат дека Манчестер Јунајтед ги договорил сите детали од трансферот на младиот дефанзивец на Бенфика, Виктор Линделоф.

Овој 22-годишен шведски репрезентативец беше мета на многу европски гиганти, но „црвените ѓаволи“ беа најбрзи и ја победија конкурецијата.

Најтиражниот португалски весник „А Бола“ пренесува дека во понеделникот претседателот на Бенфика, Луис Филипе Виеира бил во Англија и ги договорите сите детали до трансферот.

Имено, Манчестер Јунајтед за Линелоф ќе плати 45 милиони евра, а со додатни бонуси сумата може да стигне и до 60 милиони евра.

Мурињо по секоја цена сака да ја засили одбраната со квалитетен стопер, па Линделоф сигурно ќе биде големо засилување за „црвените ѓаволи“ бидејќи важи за еден од најталентираните дефанзивци во Европа.