Home Спорт Готово: Челзи го донесе првото летно засилување!

Готово: Челзи го донесе првото летно засилување!

Челзи веќе го договори првото засилување за следната сезона, а станува збор за најдобриот млад дефанзивец во Бундес лигата, Бенџамин Хенрих од Баер Леверкузен.

Хенрих природно игра на десната бековска позиција, но може да игра и во средниот ред има договор со Леверкузен до 2022 година, во кој има откупна клаузула од 35 милиони евра.

Британските медиуми денес пренесоа дека „сините“ веќе се договориле со играчот и се спремни да ја активираат клаузулата.

Иако се уште не се знае точно кој ќе биде тренер на Челзи за следната сезона, бидејќи Конте е на излезна врата, сепак раководството веќе се припрема за следната сезона.

Хенрих е 21-годишен дефанзивец и сигурно ќе биде големо засилување за сегашноста, но и за во иднина.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…