Google, Adidas, Rolex, Pepsi: Како најславните светски брендови ги добиле своите имиња


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Иако производите од најпознатите светски бренодви секојдневно се користат, а веројатно ги користите и вие, не секој знае како тие ги добиле своите и што се крие зад нивните славни имиња.

Безалкохолниот пијалок Pepsi своето има го добил според ензимот пепсин кој се наоѓа во пијалокот. Иноваторот на Pepsi, Калеб Дејвис Бредхам, сакал да биде лекар, но станал фармацевт. Неговиот оригинален изум, познат како Brad’s Drink е напревен од мешавина од шеќер, вода, карамела, лимоново масло и мускатни ореви. Три години подоцна Бредхам го преименувал овој пијалок во Pepsi Cola. Pepsi настанал од изразот dyspepsia, што значи слабо варење.

Google е збор кој е изведен од зборот googol што е математички израз за бројот еден зад кој стои низа од 100 нули. Името е настанато откако еден од студентите на универзитетот Стенфорд погрешно го спелувал googol.

Основачот наMcDonald’s, Рејмонд Крок, продавал машини за мелење месо кога ги запознал браќата Дик и Мек МекДоналд, кои имале ресторан за брза храна во Калифорнија. Крок бил импресиониран од нивниот ресторан и набрзо станал нивни агент и ширум САД отворил стотина франшизи. Неколку години подоцна, тој ги откупил сите права над McDonald’s, а браќата Дик и Мек се повлекле од бизнисот.

Adidas е кратенка од името на основачот на овој бренд, Адолф Даслер (Adolf Dassler), кој после Првата светска војна почна да изработува спортски обувки. Името на брендот настанало од неговиот прекар Ади и првите три букви од неговото презиме.

Спортскиот бренд Nike го носи името на грчката божица на победата, Ника (или Нике), а самиот знак од Nike го претставува нејзиниот лет.

Ханс Вилсдорф, основачот на Rolex, сакал својот бренд да го нарече со име кое ќе биде лесно за изговарање на било кој јазик.

„Се обидов да ги комбинирам буквите од азбуката на сите можни начини. Имав над стотици комбинации, но ниту една не ми звучеше добро. Едно утро, додека јавав коњ, како некој да ми го шепна името Rolex“, вели Вилсдорф.

Starbucks е наречен според лик од романот „Моби Дик“ од Херман Мелвил.

Основачот на Zara, Амансио Ортега, својата компанија ја нарекол Zorba The Greek, но набрзо сфатил дека неколку улици подалеку од него се наоѓа кафуле кое го има истото име. Со оглед на фактот дека буквите за натписот кој требало да стои над продавницата веќе биле изработени, тој одлучил да исфрли неколку од нив и така настанало името Zara.

Ингвар Кампард, основачот на IKEA ги комбинирал иницијалите од своето име и презиме (IK) со првите букви од фармата и селото каде пораснал (Елмтарид и Агунарид) на југот од Шведска.