Голот кој долго време ќе го паметат и Македонците и Италијанците (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со гол кој во судиското продолжение го постигна Александар Трајковски Македонија ја победи Италија во Палермо и ја елиминираше од баражот за Светското првенство, па сега нашата репрезентација ја чека дуел против Португалија, кој истовремено е меч за пласман на Светското првенство во Катар.

Македонија направи сензација среде Палермо, ја победивме Италија на нејзин терен и дојдовме на само еден чекор до пласман на Светското првенство.

Александар Трајковски е херојот на Македонија, со негов погодок во судиското продолжение го направивме овој историски успех.

Реакциите на македонските навивачи на трибините во Палермо беа бесценети, исто како и оние на италијанските навивачи таму :D.