Home Спорт Голем ден: Одбојкарите денес дебитираат на eдно Европско првенство!

Голем ден: Одбојкарите денес дебитираат на eдно Европско првенство!

Денес репрезентацијата на Македонија дебитира едно Европско првенство. Во арена „Стожице“ со почеток од 17:30 го играме натпреварот против Финска кој ќе биде историски затоа што е прв на еден турнир кај што играат најдобрите европски селекции. Нашите одбојкари се во група домаќинот Словенија,  бранител на титулата од минатото ЕП, Русија, Турција, Белорусија и Данска. Првите четири селекции од групата продолжуваат во осминафиналето. Русија која е бранител и оваа година е еден од фаворитите, домаќинот Словенија е вицешампион од 2015 година. Тоа се двете селекции кои се издвојуваат во нашата група додека за преостанатите две места се очекува да се бориме ние со Tурција, Белорија и Финска. Ова е составот на Македонија: 1. Дарко Ангеловски 2. Ѓорги Ѓоргиев 3. Ристо Николов 4. Никола Ѓоргиев (капитен) 5. Владо Милев 7. Славе Наков 8. Александар Љафтов 10. Александар Милков 11. Филип Деспотовски 12. Филип Николовски 14. Иван Андонов 15. Филип Маџунков 16. Стојан Илиев 18. Васе Михаилов Селектор: Никола Матијашевиќ
Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…