Тепачка во старата градска болницата: Персоналот бил нападнат доцна во ноќта


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Група на лица вчера го нападнала медицинскиот персонал кој бил на должноста во старата Градска болница.

Сторителите освен со персоналнот се судриле и со полицијата која ја повикале од болницата. Овој инцидент се случил околу 2 часот по полноќ откако во болницата било донесено лице со посекотина на раката, а кратко по него упаднала поголема група лица кои го нападнале персоналот. Поради ваквиот инцидент болницата не примала нови пациенти до утрово.

Иван Спирковски, директорот на болницата за медиумите потврди дека се случила тепачка и додаде дека вакви инциденти често пати се случуваат во Универзитетска клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски“.

МВР за инцидентот најави дека ќе излезе со официјално соопштение во текот на денот.