Ѓоковиќ покажа карактер и му честиташе на Надал за освојувањето на Австралија Опен


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ покажа дека е голем шампион и му ја честиташе титулата на Рафаел Надал на Австралија Опен.

Ѓоковиќ беше прв фаворит, но беше депортиран од Австралија и не му беше дозволено да игра на АО.

Надал со триумфот стигна до 21 грен слем титула и изби на првото место на вечната листа.

„Честитки до Рафаел Надал за 21.грен слем титула. Неверојатно постигнување. Секогаш импресивен борбен дух, кој преовлада уште еднаш. Честитки. Данил Медведев даде сè од себе и играше со пасија и одлучност каква што сите очекувавме од него“, напиша меѓу другото Ѓоковиќ.

Честитки за Надал стигнаа и од Роџер Федерер.