Спорт

Ѓоковиќ експресно во полуфинале на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ без поголеми проблеми го победи Давид Гофан со 3:0 и се пласираше во полуфиналето на Вимблдон.

Гофан прв направи брејк, во седмиот гем, но од тој момент Ѓоковиќ презеде иницијатива и беше надмоќен, па го доби првиот сет со 6:4.

Вториот сет го освои лесно и убедливо без ниту еден загубен гем, а во третиот му дозволи два гема на противникот од Белгија.

Во полуфиналето Новак ќе игра против подобриот од дуелот Роберто Баутиста-Агут и Гвидо Пеља.

Advertisements
To Top