Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со плата од неверојатни 600.000 фунти неделно, бразилскиот фудбалер Нејмар може да има сè што ќе посака, освен жената која, според тврдењата од неговите пријатели, е љубовта на неговиот живот.
Нејмар има автомобили вредни 18 милиони фунти, приватен авион од 14 милиони фунти и недвижен имот ширум цел свет, па не е чудно што е еден од најпосакуваните ергени на планетата. На негова жал, 21-годишната Бруна Маркез тоа воопшто не ја допира и интересира. Откако поминаа пет години во врска, манекенката и актерка го напушти фудбалскиот ас после заедничкото сафари на кое беа во Јужна Африка оваа година.
Неговите пријатели велат дека раскинувањето го уништило Нејмар, па тој буквално се бори да продолжи во животот без неа, додека судејќи според сè, Бруна воопшто не се грижи поради раскинувањето.
Додека медиумите од светот се полнат со вести за неговиот рекорден трансфер од Барса во ПСЖ, тежок 196 милиони фунти, неговата бивша девојка објавува фотки на кои се сонча без никакви знаци на тага и жал. Иако заедно поминаа шест години, на нејзиниот профил нема ниту една фотографија со Нејмар. Од друга страна, тој заедничките фотки со Бруна и денес ги чува на неговите профили.
„Љубов која никогаш не престанува“, напиша тој пред неколку месеци под заедничката фотка со Бруна. За жал, токму таа љубов, сепак, престана.
Неговите пријатели нагласуваат дека Нејмар и Бруна раскинале после одморот со неговото семејств, па можно е токму тоа да одиграло голема улога во нивното разидување.
„Како успешен фудбалер, Нејмар е доста сомничав и не им верува на луѓето, па прави сè што ќе му каже неговиот татко, кој е и негов менаџер. Луд е за Бруна, дури и сега, кога не се заедно. Таа е единствената жена која навистина ја сака“, вели еден негов пријател.
Друг пријател кажува дека фудбалерот очајнички сакал да се ожени со манекенката и сонувал тие двајца да станат новите „Пош и Бекс“. Бруна таа приказна ја отфрлила, велејќи дека никогаш не ја побарал за сопруга. Близок семеен пријател, пак, тврди дека раскинале затоа што Нејмар бил опседнат со неа.
„Не оставаше ни трошка сомнеж кај неа дека таа е жената на неговиот живот. И таа беше вљубена во него, но не до тој степен“, изјави пријателот.
Нејмар наводно три пати се подготвувал да ја запроси, еднаш се исплашил, вториот пат неговото семејство го наговорило да не го прави тоа, а третиот пат тоа било на нивниот заеднички одмор во Јужна Африка, но сите знаеме како заврши тоа.