Го победи Арсенал, изгледа НБА меч, па замина на Супербоул!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Голманот на Челзи, Тибо Куртоа имаше навистина неверојатен викенд. Во саботата го декласираше Арсенал, а во неделата се посвети на други спортови.

Имено, Белгиецот замина за САД каде го гледаше НБА натпреварот помеѓу Њујорк Никс и Кливленд, а потоа Куртоа замина и до Хјустон каде го гледаше финалето на Супербоул.

Куртоа веднаш после победата над Арсенал седна во авион, одлета за Њујорк и преку својот Твитер се пофали дека присуствува на мечот од НБА лигата помеѓу Никси и Кливленд во „Медисон Сквер Гарден“.

Потоа голманот на Челзи замина за Хјустон каде беше на трибините на најгледаниот спортски настан во светот, односно финалето на Супербоул.

Навистина неверјатно – три врвни спортски настани за помалку од 24 часа!