„Го контактиравме Тоти, бара 3 милиони по сезона“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тоти сеуште нема донесено конечна одлука за својата иднина, откако пред повеќе од еден месец се прости од „својата“ Рома.

Тоти нема повеќе да игра за Рома, но сеуште нема донесено конечна одлука дали да ги „стави копачките“ на клин или да продолжи да игра фудбал.

Последната понуда до „Принцот на Рим“ пристигна од Јапонија, поточно од тамошниот второлигаш Токио Верди.

„Го контактиравме Тоти, ни кажа дека бара 3 милиони евра по сезона. Неговото доаѓање во клубот би било како сон“, изјави претседателот Хани Хидеаки.

Сеуште не е познато дали Јапонците се спремни да платат 3 милиони евра, како ни какви се плановите на легендарниот Италијанец.