Го фати татко си како нуди секс на Фејсбук порно страна – видете што му пиша


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Повеќето млади луѓе просто се ужаснати од идејата нивните родители да станат активни на социјалните мрежи. Земајќи ги во предвид технолошки необразованите родители, како таткото од овој пример, нема многу простор за замерка на младите поради нивниот страв.

Таткото од бизарно смешната приказна прелистувал по Фејсбук кога налетал на фотографија од девојка која му се допаднала, па одлучил да даде отворен повик за секс.

„Би сакал да имам секс со тебе вечер“, напишал стариот и ја споделил нејзината фотографија, не знаејќи дека сите негови пријатели можат да видат што направил и напишал.

На тоа го предупреди и неговата ќерка Ешли.

„Еј, тато, знаеш ли дека сите твои пријатели можат да видат кога коментираш вакви работи?“, му напиша во коментар под фотографијата која ја споделил.

Но, после првичниот шок, типката решила целата приказна да ја сподели на Твитер.

„Ми беше урнебесно и знаев дека ќе им биде смешно и на сите мои пријатели“, напиша таа за Buzz Feed и откри дека нејзиниот татко тврдел дека профилот му е хакиран, но никој не му верува на тоа.