Во куќа во Тетово запленета дрога вредна 2,5 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во синоќешната акција на Mинистерството за внатрешни работи била откриена лабораторија за синтетичка дрога во Тетово, пренесува „Макфакс“.

Запленети се 125 килограми синтетичка дрога, а вредноста е повеќе од 2,5 милиони евра. Во акцијата се уапсени шест македонски и српски државјани. Ова е најголема количина на синтетичка дрога запленета на Балканот.

Акцијата е спроведена во соработка со ДЕА и истражен тим од Србија.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција претходно соопшти дека во соработка со Јавното обвинителство за организиран криминал и МВР на Србија откри инсталација на најголема лабораторија за неовластено производство на синтетички дроги во Југоисточна Европа.

„Во текот на вчерашниот ден, на подрачјето на Тетово и Скопје јавното обвинителство во соработка со МВР спроведе акција при што е откриена цела инсталација за неовластено производство на синтетички дроги и се запленети големи количини синтетичка дрога, како и суровини за нејзино производство“, соопшти Обвинителството.