Го чекаше да излезе од затвор: Турчинка се омажи за дечкото што ѝ го уништил лицето со киселина


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


20-годишната Турчинка Берфин Озек пред две и пол години преживеала вистински пекол кога нејзиното момче, нешто постариот Касим Озан Селтик ја полеал со киселина откако таа ја раскинала врската.

20-годишната Озек претрпела стравични повреди на лицето и вратот и неизбришливи лузни од бруталниот напад. Таа сега има само 30 отсто вид на едното око, а често има и силни болки.

Непосредно пред да ѝ ја истури киселината в лице, ѝ рекол дека „ако тој ја нема, никој не може да ја има“. Касим бил уапсен и осуден на затворска казна од 13 и пол години, пишува Њујорк Пост.

Потоа тој ја „бомбардирал“ жртвата со пораки за љубов и извинување, молејќи ја да му прости.

Откако поради измени во турските закони и мерките против ковид-епидемијата се отворила можност Селтик да излезе од затвор, таа одлучила да му даде шанса, откако се допишувале и тој ја запросил. Двојката се венчала овој месец, без знаење на родителите на Озек.

„Не ми е мило што беше таму меѓу четирите ѕида. Си пишувавме многу писма. Му се дадов нему. Многу го сакам, многу ме сака, многу”, изјави девојката.

Случајот предизвика многу негативни реакции во турската јавност, а таткото на Озек изјавил дека не може да ја разбере одлуката на неговата ќерка.

Меѓу многуте коментари кои се појавија на социјалните мрежи, еден коментатор вели:

„Нејзиното простување не требало да спречи тој да биде казнет. Штета е, се надевам дека овој брак нема да заврши по само еден месец, но кутрата жена ќе остане засекогаш со бруталноста што ја искусила“.