Home Шоубизнис Гневен на Украина: Сигал тврди дека, покрај црн појас, сега има и црна листа

Гневен на Украина: Сигал тврди дека, покрај црн појас, сега има и црна листа

Американскиот актер и мајстор по боречки вештини Стивен Сигал иронично реагираше на забраната за влез на територијата на Украина.

„ Покрај црн појас, сега имам и црна листа“, изјави Сигал.

Службата за безбедност на Украина му забрани на актерот, кој има руско државјанство, влез во земјата на пет години поради безбедносни закани и го стави на црна листа.

Сигал (65) е државјанин на Русија од ноември 2016 година. Тој неколку пати јавно ја поддржа анексијата на Крим од страна на Русија.

Актерот тврди дека има руско и монголско потекло.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Тимоти Шаламе со пријатели во „Пацифик дизајн центар“ по објавувањето на последниот трејлер за „Дина 3“

Тимоти Шаламе беше забележан во опуштено издание со пријатели во Западен Холивуд, само нек…