Вебкафе

Глумење лудило: Чаламење со лажен луксуз и приватни авиони за евтини пари

Дефинитивно Русите се една од најфасцинантните нации на светот на свој посебен начин. Па дури и кога станува збор за чаламење на Инстаграм со луксуз од типот на фотки од приватни авиони и слично, а немаат пари ни за нешто приближно во поглед на луксуз и екстраваганција, најдоа начин како да си го покријат „срамот“ и да се фалат со стил и класа.

Поточно, начинот им го понуди Private Jet Studio, која нуди двочасовна фотосесија во луксузни приватни авиони, со личен фотограф, за цена од 244 долари, или 191 долар без фотограф. Со оваа понуда тие им помагаат на оние кои не се ни приближно до луксузен стил на живеење, да ги залажуваат своите пријатели на социјалните мрежи дека уживаат во раскош и луксуз во стилот на славните и богати шоубизнис ѕвезди.

За оние кои се перфекционисти, тие нудат и опција за најмување на тим од професионални шминкери и фризери, кои ќе ве средат за стилски целосно да се вклопувате во амбиентот во кој ќе правите фотосесија.

To Top