Гламурозниот сопруг на бившата руска министерка Скриник жари и парли на интернет


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На RuNet повторно почна на големо да се зборува за Елена Скриник, бивш прв човек на руското Министерство за земјоделие, која на министерската функција се задржа од 2009 до 2012. Но, причината за нејзината реактуелизација не с енејзините професионални активности, туку нејзиниот сопруг, Дмитриј Белоносов, кој го привлече вниманието на јавноста со својот изглед.

Рускиот новинар Александар Тверској објави тазе фотки од рускиот фраер со коментар: „Сите се замараме со политика. Ајде малку да зборуваме за љубов. Еве еден вљубен пар. Овој е сопругот на бившиот Министер за земјоделие, Елена Скриник. Живее на Азурниот брег, додека неговата сопруга работно е зафатена во Москва, каде моментално го води својот приватен институт за аграрна политика“.

46-годишниот Белоносов, инаку трет сопруг на Елена, е 10 години помлад од сопругата, а за јавноста е познат како солист во поп групата Revolvers.

На едно интервју тој изјави дека бракот меѓу него и Елена официјално беше прекинат во 2010 година, но во март, 2016 година, Скриник тврдеше дека немало никаков развод.