Home Вебкафе Гигантски мегалополис од термити поголем од Британија и постар од 4.000 години (видео)

Гигантски мегалополис од термити поголем од Британија и постар од 4.000 години (видео)

Научниците открија импозантен и фасцинантен гигантски комплекс на 200 ридови во североисточниот дел на Бразил – подземен мегалополис од термити кој почнал да се гради пред околу 4 000 години.

Овој мегалополис изграден од термити е поголем и од Британија. Според податоците и резултатите од истражувањата со кои располагаат научниците, некои од ридовите се високи и до три метри и може да се видат на Google Earth.

Интересно е тоа што ваквите ридчиња не се живеалишта на термитите , туку земја што ја ископале за да дојдат до попријатно место за живот.

„Ова е најголемиот бионженерски проект меѓу инсектите, а највозбудливо е тоа што некои од ридчињата се стари и повеќе од 4 000 години, речиси како пирамидите во Египет“, вели професорот Стефан Мартин од Универзитетот во Салфорд , Британија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ким Кардашијан, Глен Клоус и Наоми Вотс прават спектакл на суд – Рајан Марфи ја носи серијата што ќе ви го освои срцето

Рајан Марфи се враќа со полна пареа со нови правни драмолетки, а првите сцени од тизерот в…