Ги руши рекордите: „Челичниот човек“ ќе биде највисоката статуа на светот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Статуата на единството“ која го прикажува Сардар Валабхбхаи Пател, големиот народен водач кој е познат како „Челичниот човек на Индија“ со своите 182 метри висина ќе биде највисоката статуа на светот кога изградбата на истата ќе биде целосно завршена.

„Челичниот човек“ имал клучна улога во осамостојувањето на Индија и бил првиот министер за внатрешни работи и заменик на индискиот премиер.

Величествената конструкција ја проектираше архитектонската компанија Michael Graves Architecture & Design.

Покрај тоа што ќе биде скоро двојно повисока од „Статуата на слободата“ во Њујорк, оваа статуа ќе содржи и хотели, центар за посетители, меморијална градина, а километарски патеки и мостови ќе ја поврзуваат со градот Кевадиа.

„Статуата на единството“ моментално е во фаза на изградба и лоцирана е на островот Саду-Бет, околу 3,5 километри јужно од браната Сардар Саровар, во округот Нармада во Гујарату.

Проектот го предводи актуелниот премиер на Индија, Нарендра Моди, кој сака да ја истакне улогата на Пател во борбата за независност на земјата. Во подножјето на статуата ќе биде организиран центар за посетители, како и серија изложбени центри посветени на Сарадар Пател и историјата на независна Индија.

Во делот од градите на статуата ќе се наоѓа видиковец од кој ќе се пружа панорамски поглед на реката Нармада и заштитената локација „Шулпанешвар“ во која живеат голем број видови диви животни и чие бујно зеленило ја опкружува статуата. Во овој дел од статуата посетителите ќе имаат можност да видат структурални детали од мини панелите од кои е изградена масивната градба.

Значаен дел од проектот се однесува на зацврстување на тлото на кое ќе стои бистата, со оглед на тоа дека таа ќе се наоѓа на самото речно корито од Нармада. Зајакнувањето со арматура, изградбата на основата и внатрешниото двојно бетонско јадро се завршени, а моментално се работи на секундарната конструкција од челичното скеле кое ќе служи како систем за поддршка на бронзените панели од статуата.

Планирано е изградабата да биде завршена до крајот на 2018 година.

Највисоките статуи на светот

Кога ќе биде завршена, „Статуата на единството“ ќе биде највисока статуа на светот со 182 метри висина, двојно повисока од „Статуата на слободата“ во Њујорк и пет пати повисока од „Христос спасителот“ во Рио де Жанеиро.

Втора по восина во светот ќе биде статуата посветена на Буда, која се наоѓа во Кина, со висина од 153 метри. На трето место е статуата „Ушику диабутсу“ во Јапонија, висока 120 метри.

Њујоршката „Статуа на слободата“ паѓа на четврто место по висина со 93 метри, а статуата „Мајката татковина“ од руски Волгоград ќе оди на петто место со 85 метри висина. На шесто место ќе биде бразилската „Христос спасителот“ со 39,6 метри висина.