Ги препорачува и престижниот The Guardian: 10 мали хрватски островчиња – идеална дестинација за летување


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Британците и натаму продолжуваат да ја препорачуваат Хрватска како идеална туристичка дестинација. Овој пат своја препорака дава и престижниот The Guardian кој издвојува десет мали островчиња како идеална дестинација за ова лето.

Лопуд

На само еден час возење со траект од Дубровник се наоѓа Лопуд кој нуди мир и оддалеченост од урбаната врева. Островот има само 220 жители, а со оглед на тоа дека има површина од само 5 квадратни километри, на него нема автомобили.

Свети Никола

A post shared by Ivona Veselcic (@ivona_ve) on

Најсеверниот хрватски остров на кој се наоѓа хотелски ресорт. Во водите кои го опкружуваат често можете да видите делфини во јули и август, а со оглед на тоа дека некогаш бил приватна сопственост на едно венецијанско семејство, на него е изграден и дворец и светилник од 14 век кој може да се посети секоја сабота.

Голем Брион

A post shared by Amanda (@tnkonbrink11) on

Бриони некогаш беа летна резиденција на Тито, а после неговата смрт се претворени во национален парк. Иако ненаселен, на посетителите им нуди многу интересни содржини: отисоци од диносауруси, римски руини, ботаничка градина, орнитолошки и сафари парк во кој можат да се видат егзотични животни кои многу светски лидери му ги подаруваа на Тито.

Сусак

A post shared by the naked ninja (@nikotadic) on

Островот е речиси целиот прекирен со песок, а на него секои две години се одржува изложба на современата уметност Susak Expo.

Силба

На овој остров нема ни хотели, ни автомобили, а во јули и август не се користат ниту велосипеди, така што истиот е вистинска оаза за мир и опуштање.

Корнат

A post shared by @sandcat74 on

Корнатскиот архипелаг го сочинуваат 89 островчиња, а главен е Корнак кој ужива посебна заштита. На бродовите таму им се наплаќа пристанување на пристаништето, а постојат само девет зони на кои е дозволено нуркање.

Шолта

A post shared by ????? (@bibi_bisera) on

Недалеку од Сплит, Шолта е препорачуваат поради одличната домашна храна и интересната природна средина.

Свети Клемент

Пет минути оддалечен од популарниот Хвар, Свети Клемент нуди можност за опуштање и уживање во пливањето.

Бишево

A post shared by Cathy Tran (@cathytra) on

Бишево е најоддалечениот населен остров. Тоа кажува доволно. Познат е по Модрата пештера.

Прозид

A post shared by Leanne Hobson (@leeloo14) on

Островче во близина на Корчула кое го препорачуваат како одличен избор за еднодневни излети.