Германците не прегазија на наш терен – ние грешевме, тие казнуваа


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Maкедонската фудбалска репрезентација вчера вечерта претрпе пораз од Германија на домашен терен во рамките од квалификациите за Светското првенство.

На самиот старт Германците создадоа една добра прилика и можеа да дојда до водство, но за наша среќа се извлековме. Како што одминувше времето изгледаше како да се ослободуваме од притисокот и неколку пати се заканивме кон голот на Нојер.

Елмас беше најактивен во нападот на два пати шутираше, еднаш беше изблокиран, а претходно одбрани Нојер. Германија најголемата шанса ја имаше кон средината на полувремето, но тогаш Столе Димитриевски се истакна со одлична одбрана.

На полувреме заминавме со 0:0.

После само пет минути во второто полувреме. Германија стигна до предност. Велковски имаше еден лош пас, а селекција како Германија грешки не простува. Веднаш по пресеченат топка организираа контра во која егзекутор беше Каи Хаверц.

Тој момент како да ги пресече македонските репрезентативци. Германија ја наметна својата игра, а ние тешко излегувавме од нашата половина. Победникот беше решен на 20 минути до крајот кога Вернер погоди за 2:0. Три минути подоцна веќе беше 3:0 за Германија и повторно стрелец беше Вернер. Конечните 0:4 ги постави Мусиала во 83. минута по грешката на Муслиу кој слично како и Велковски претходно при голот на Хаверец лошо проигра.

Со оглед на победата на Романија против Ерменија, Македонија сега ќе падне од втората на третата позиција. Романците имаат 13 бода, ние и Ерменија по 12, Исланд 8, Лихтешнштјн е последен со еден бод. Германија со вчерашната победа веќе го обезбеди директниот пласман на Светското првенство.

До крајот Македонија ја чекаат два натпревари, против Ерменија на гости и Исланд дома.