Home Актуелно Георгиев, Ристовски и Блажевски добитници на годинешната награда „Жан Моне“

Георгиев, Ристовски и Блажевски добитници на годинешната награда „Жан Моне“

Томислав Георгиев, Александар Ристовски и Бојан Блажевски се лауреати на овогодинешната награда „Жан Моне“.

Наградата за најдобра аматерска фотографија оди во рацете на Александар Ристовски. Награда за најдобар новинарски текст добива Бојан Блажевски, новинар на „Билд“, додека Томислав Георгиев е добитник на наградата најдобра репортерска фотографија.

Делегацијата на Европската Унија во партнерство со Советот за етика во медиумите синоќа ги додели наградите за најдобра новинарска сторија, најдобра репортерска фотографија, како и за најдобра аматерска сторија.

Наградата за најдобра новинарска сторија и најдобра репортерска фотографија се на тема „Градење доверба во несигурни времиња”, а наградата за најдобра аматерска фотографија се додели за темата „Нашата различност, наша сила”.

Наградите ги додели евроамбасадорот Самуел Жбогар и почесниот претседател на жирито за наградата „Жан Моне”, Надежда Гаче.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…