Home Шоубизнис Фрлањето пари на сцена во ексклузивниот „E11EVEN Miami“ е правило, а не исклучок

Фрлањето пари на сцена во ексклузивниот „E11EVEN Miami“ е правило, а не исклучок

За време на неговиот настап во познатиот клуб „E11EVEN Miami“ во Мајами, во знак на извинување за неговото доцнење на концертот заради дождливите временски услови, раперот Пост Малоун направи нешто што ја возбуди и израдува публиката.

Тој настапи во клубот „E11EVEN Miami“, кој е отворен 24 часа дневно. Поради силниот дожд , тој малку задоцнил, па им се извини на присутните и им се заблагодари што дојдоа на неговата забава и покрај дождот и лошите песни, како што ги нарече.

Раперот не дојде на шоуто со празни раце, туку со кутии полни со банкноти во износ од 50.000 долари. Тој почна да фрла и да им дава пари на сите присутни во клубот, тврдејќи дека тоа е негов обичај за време на настапот, пренесува „Унилад“.

Раперот ја искористи можноста да му изрази сочувство на семејството на неодамна загинатиот кошаркар Коби Брајант и неговата ќерка Џиана.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…