Трамп во стилот на Груевски: Сака да го враќа неокласицизмот во изгледот на федералните згради


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Знаеме, и вам прво што ќе ви падне (на шега) на памет е: „Доцни овој, ние веќе преживеавме вакво нешто“. Тоа од што сме како општество и урбана средина изгорени и уште ги трпиме последиците на проектот „Скопје 2014“, како архитектонски и урбано, така и финансиски.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, решил повторно да го врати во архитектонскиот стил на изгледот на федералните згради класичниот архитектонски стил, пренесува „Architectural Record“. Оттаму велат дека дошле во посед на „нешто што се чини како првичен нацрт на наредбата“.

Според она што го пренесува сајтот како содржина на оваа наредба, Белата куќа ќе побара преработка на познатиот документ „Водечките принципи на федералната архитектура“ од 1962 година, „со цел да се обезбеди класичниот архитектонски стил да стане посакуван и задолжителен стил за нови и надградени федерални згради“.

„Наредување на официјален архитектонски стил не е баш соодветно на либералната демократија од 21. век“, апелира критичарот на архитектурата Пол Голдбергер.

„Водечките принципи“ е напишан од сенаторот Даниел Патрик Мојнихан во мандатот на Џон Кенеди и во документот се наведува дека „мора да се избегнува еден официјален стил, а новите згради треба да го одразуваат новото време“.

Пред да влезе во Белата куќа како политичар и прв човек на САД, Доналд Трамп речиси 50 години работеше со недвижнини и никогаш не бил познат по користењето на класичниот стил во своите приватни и комерцијални згради.