Франција ја растури Холандија, сефте победа за Луксембург: Квалификациски резултати од А и Б групите за Русија 2018


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Натпреварите во А, Б и Х групите го отворија седмото коло, во рамките на европските квалификации за пласмна на Светското првенство во Русија. Во дербито, во Париз, Франција ја декласира Холандија со 4:0, додека БиХ загуби на Кипар, иако имаше предност од два гола.

Франција ја декласира Холандија 4:0 и се врати на челната позиција во А групата, бидејќи Шведска загуби во Софија од Бугарија со 3:2.

Бугарија два пати водеше против Шведска со головите на Манолев и Костадинов, но Швеѓаните се враќаа во мечот преку Лустинг и Берг, а конечниот резултат 3:2 го постави Чочев во 73.минута. Шведскиот репрезентативец Форсберг во 16.минута, при водство на Бугарија 1:0 не реализира пенал.

Првата победа во квалификациите ја забележа Луксембург. Да Мота го постигна единствениот гол за Луксембург против Белорусија.

Табела, А група: Франција 16, Шведска 13, Бугарија 12, Холандија 10, Белорусија 5, Луксембург 4

Во Б групата фаворитите лесно се справија со аутсајдерите. Португалија, со трите гола на Кристијано Роналдо, славеше 5:1 над Фарските острови, Швајцарија ја победи Андора со 3:0, а Унгарија ја совлада Летонија со 3:1

Табела, Б група: Швајцарија 21. Португалија 18, Унгарија 10, Фарски острови 5, Андора 4, Летонија 3

Белгија во Х групата против аутсајдерот Гибралтар победи 9:0. Играч на мечот беше бекот на ПСЖ, Муније кој постигна три гола и забележа три асистенции, а хет-трик запиша и Лукаку.

Грција не успа да ја совлада Естонија, мечот заврши 0:0, но киксот на Грците не го искористи Босна и Херцеговина.

БиХ на Кипар водеше по првиот дел со головите на Шуњиќ и Вишча, но Кипар во вториот дел за само 11 минути направи целосен пресврт преку Кристофи, Лабан и Сотиру.

Табела. Х група: Белгија 19, Грција 13, БиХ 11, Кипар 10, Естонија 5, Гибралтар 0.