Home Актуелно САД бараат Русија да го затвори својот конзулат во Сан Франциско и одделенијата во Вашингтон и Њујорк

САД бараат Русија да го затвори својот конзулат во Сан Франциско и одделенијата во Вашингтон и Њујорк

Американскиот Стејт департмент соопшти денеска дека од Русија е побарано да го затвори својот конзулат во Сан Франциско, како и двете конзуларни одделенија во Вашингтон и во Њујорк.

Ваквото решение на американските власти претставува одговор на руската мерка преземена минатиот месец, кога од Американците беше побарано драстично да го намалат својот персонал во дипломатско-конзуларните мисии во Русија за над 700 лица.

Во соопштението на Стејт департментот се вели дека решението за затворање на конзулатот во Сан Франциско е во „духот на паритетот“.

Со одлука на американските власти, затворањето на трите конзуларни мисии и канцеларии на Русија во САД, мора да биде завршено до сабота.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…