Фосили од желка со големина на автомобил пронајдени во Јужна Америка


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фосилни остатоци од желка со големина на автомобил беа откриени во северниот дел од Јужна Америка.

Според научниците желката која го добила научното име „ stupendemys geographicus“ живеела на тоа подрачје пред 7 до 13 милиони години.

Фосилите од огромната желка се пронајдени во пустината Татакао во Колумбија и во регионот Урмако во Венецуела.

Овие животни со големина од околу 4 метри, колку еден автомобил ги населувале огромните мочуришта во Јужна Америка, пред да бидат формирани реките Амазон и Ориноко, велат научниците.

Машките желки имале издолжен преден дел на оклоп во облик на рогови, а длабоките траги на нивните оклопи на фосилите укажуваат дека тие биле користени како копја во борбите со противниците.

Научниците велат дека пронашле оклоп долг околу 3 метри и долна вилица од желка, новото откритие им обезбедило многу повеќе податоци за исхраната на желките.

Тие веруваат џиновските желки живееле на дното на езерата и реките заедно со џиновските крокодили и се хранеле со помали разни животни, билки, овожје и семиња.