Дали ова летало може да биде патничкиот авион на иднината?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Футуристичкиот модел кој го претстави компанијата Ербас се верува дека може да биде иднината на дизајнот на патничките авиони.

Моделот Маверик на Ербас, претставен на Саемот на авијацијата во Сингапур, со новиот дизајн се обидува да ѝ пркоси на долгогодишната традиција трупот на авионот да биде во облик на цевка.

Моделот, кој е во почетната фаза на развојот, го следи дизајнот на едно големо крили, концепт кој главно се користи кај воените авиони.

Ербас го почна проектот во 2017 година и почна со тестирањата на мал модел со далечинско управување во 2019 година.

Иако изгледа како да е од научно-фантастичен филм, авионите со дизајн како тој на маверик би можеле да станат реалност.

Имајќи предвид дека авионот ќе биде многу поширок, внатрешноста на леталото ќе биде поинаку организирана, и ќе има повеќе простор.

„На почетокот многумина го офрлија проектот „Маверик“ и го нарекоа хоби или, со други зборови, проект од кој Ербас не може многу да научи“, кажа Адријан Берар, лидерот на проектот.

„Значи, моравме да им докажеме дека грешат, покажувајќи дека можеме да пружиме многу солидна основа за идната конфигурација на авионите“, додаде тој.