Тројца државјани на Албанија осомничени за трговија со марихуана во Гостивар


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Гостиварското Основно јавно обвинителство поведе постапка против три лица, државјани на соседна Албанија, за трговија со марихуана.

Тројцата, од почетокот на месецов, ја набавиле марихуаната, од која дел им била наменета за лична употреба, а дел за препродажба на други лица на подрачјето на Гостивар и околните села.

„При претрес во собата во која престојувале осомничените на 13 февруари, полициските службеници пронашле околу 227 грама марихуана во повеќе најлонски пакувања, дигитала вага и дробилка. Извршената проверка покажала дека лицата на возраст од 28, 20 и и 34 години не оствариле легален влез преку граничен премин на територијата на државава“, информираат од Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување краткотраен притвор за тројцата осомничени. Судот го прифати предлогот и на осомничените им определи притвор од 48 часа.

По комплетирање на предметот со резултатите од наредените вештачења, Основното јавно обвинителство Гостивар ќе достави до Судот нов предлог за определување мерки за обезбедување на осомничените.