Филипче: Ситуацијата со Ковид-19 во Македонија е стабилна – не може на секој нов сој да воведуваме нови рестрикции


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Министерот за здравство, Венко Филипче, тврди дека ситуацијата со пандемијата на Ковид-19 во Македонија е стабилна и дека не може поради омикрон или кој и да е нов сој на коронавирусот да воведува дополнителни рестрикции ако ситуацијата не се влошува.

Мора, вели Филипче, да научиме да живееме со вирусот.

„Лично сметам дека ниту омикрон сојот ниту поради кој било друг што евентуално би се нашол треба да се прават некакви дополнителни рестрикции. Сметам дека сите земји во светот треба да научат да живеат со општите превентивни правила и зголемување на степенот на вакцинација и тоа е излезот од кризата. Не можеме ние за секој еден сој, без разлика на карактеристиките, се до оној момент додека не ја влошува ситуацијата, да воведуваме дополнителни рестриктивни мерки. Сметам дека тоа што се бара задолжителна вакцинација, мерките за да не се преполнуваат затворените простории, се сосема доволни. Како и мерките за патување. Животот постепено се нормализира, некаде целосно е нормализиран и сметам дека овие превентивни мерки се сосема доволни“, изјави Филипче.

Тоа што засега нема нови рестрикции, според министерот не е товар за неговиот наследник, Беким Сали. Според него, тој ќе го преземе ресорот со огромно олеснување со оглед дека ситуацијата е мирна и болниците празни.

„Тоа што нема многу пациенти е огромно олеснување. Замислете да имаше голем број пациенти и преоптоварени ковид-центри. Сега ковид-центрите не се полни поради тоа што нема пациенти, едноставно нема приеми ниту во ковид-центрите во Скопје ниту ширум државата. Во огромен број инфективни одделенија практично и нема хоспитализирани, десетина инфективни одделенија практично се празни. Дел од пациентите кои се дијагностицирани се праќаат на домашно лекување поради тоа што имаат полесна клиничка слика. Сметам дека ситуацијата е прилично мирна,но дефинтивно Комисијата и понатаму ќе ја следи ситуацијата, ако има некаква потреба секако дека ќе се предложат мерки“, рече Филипче.

Засега нема нов случај на омикрон освен случајот со патникот од Велика Британија, а во текот на наредната недела, како што најави министерот, ќе се направи дополнителна анализа дали има и други случаи.ford