ФИФА предлага да нема реми на Мундијалите, во случај на нерешено ќе се шутираат пенали!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


ФИФА, на јануарскиот конгрес, ќе го разгледува новиот формат на Мундијалот, односно на него да учествуваат 48 репрезентации, но и ќе го изнесе предлогот на Светските првенства да нема нерешени резултати во фазата по групи.

Одлуката дали ФИФА ќе го прошири Мундијалот со уште 16 репрезентации ќе биде позната на 10 јануари кога најверојатно ќе се гласа и за предлогот да нема нерешени резултати во првата фаза.

ФИФА овој свој предлог го правда со образложението дека на тој начин ќе се спречат евентуалните местенки. Според ФИФА, доколку мечот заврши нерешено, ќе се изведуваат пенали, а репрезентацијата која ќе биде поуспешна ќе добие три, а поразената два бода.

Овие предлози се на претседателот Џани Инфантино, кој во изборната капмања вети дека ќе го прошири бројот на учесници на Светското првенство. Доколку помине предлогот тогаш Мундијалите би се играле со 48 репрезентации кои би биле поделени во 16 групи со по три тима, а првиот и вториот би продолжиле во нокаут фазата.

Инцијативата не наиде на поддршка на големите европски клубови, од чии редови на минатото Светско првенство доаѓаа 76 отсто од фудбалерите.

Првиот човек на Европската асоцијација на клубови, Карл-Хајнц Румениге, изјави дека предлогот за проширување на Мундијалот е неприфатлив бидејќи бројот на натпревари кои фудбалерите ги играат во сезоната „веќе достигна неприфатливо ниво“