Home Актуелно Елон Маск од Tesla Motors и Тревис Каланик ќе бидат советници на Трамп

Елон Маск од Tesla Motors и Тревис Каланик ќе бидат советници на Трамп

Се чини дека автономните возила нема да имаат никаков проблем по промената на администрацијата во САД. Основачот на Tesla, Елон Маск и Тревис Каланик од Uber се дел од новиот форум на советници на Доналд Трамп. Со ова бројот на членови на советодавниот форум на Трамп сега е зголемен на 18.

Се радувам на соработката со следниот претседател и на придонесот во оваа група на теми кои се однесуваат на нашите возачи и над 450 градови во кои работиме, вели Каланик.

Поставувањето на Маск сепак е поголемо изненадување. Основачот на Tesla отворено го критикуваше Трамп во кампањата и ја поддржа Хилари Клинтон за претседател. Сепак недоразбирањата во кампањата се разбирливи, она што е поголемо изненадување е ставот на Маск за глобалното затоплување.

Претходно Трамп го постави Рекс Тилерсон од нафтената компанија Exxon за државен секретар. Со оглед на тоа дека оваа е еден од најголемите нафтени гиганти, се чинеше дека елeктричните возила можеби ќе имаат проблеми, но по новите назначувања се чини дека договорните промeни со претсeдателот Обама остануваат.

Мојата администрација ќе соработува со приватниот сектор за да ја подобри бизнис климата во САД и за да го направи отоврањето на работни места во САД попривлечно за компаниите, од Силиконската долина до центарот на САД, вели Трамп.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…