ФИФА ги објави кандидатите – ова се најдобрите тренери!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Светската куќа на фудбалот (ФИФА) од минатата година започна со доделување на наградата под назив “The Best”, а ова се 12-те кандидати за најдобар тренер.

Минатата година наградата ја освои Клаудио Раниери, кој со Лестер приреди сензација и ја освои Премиер лигата.

Италијанецот во финалниот избор наградата ја освои пред Зинедин Зидан и португалскиот селектор Фернандо Сантош.

Ова се 12-те кандидати кои ќе се борат за наградата најдобар тренер за изминатата година.

Масимилијано Алегри (Јувентус)
Карло Анчелоти (Баерн)
Антонио Конте (Челзи)
Луис Енрике (Барселона)
Пеп Гвардиола (Манчестер Сити)
Јоаким Лев (Германија)
Леонардо Жардим (Монако)
Жозе Мурињо (Манчестер Јунајтед)
Диего Симеоне (Атлетико Мадрид)
Маурисио Покетино (Тотенхем)
Тите (Бразил)
Зинедин Зидан (Реал Мадрид)