Фетишот на Трамп виси на ѕид во Белата куќа


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Уметноста не познава граници. Ни позитивни, ни негативни. Тоа е единственото објаснување за пустата желба на актуелниот претседател Доналд Трамп преточена во пластична „реалност“ која моментално виси на ѕид во Белата куќа.

Сликата на Енди Томас, насловена „Републиканскиот клуб“, ги прикажува Трамп и уште неколкумина бивши републикански претседатели, вклучително Абрахам Линколн, Ричард Никсон и Теди Рузвелт, како опуштено разговараат и се смејат седејќи на маса.

Сликата е видена како виси на ѕид во Белата куќа, за време на 60-минутното видео со Трамп и истата предизвика бура од реакции и спрдешници на социјалните мрежи.

На сликата, Трамп седи покрај Ајзенхауер, Никсој, Линколн, Рузвелт, Форд, Реган и Буш. И да, очигледно пие диетална Кока Кола.

Сликата, наводно, си го нашла својот пат до Белата куќа откако републиканскиот претставник од Калифорнија, Дарел Иса, му ја покажал на претседателот Трамп, пренесува Time. На Трамп му се допаднала толку многу што го повикал уметникот Томас за лично да му го каже тоа.


Untitled, Wed Mar 07, 2018, 3:30:16 PM, 8C, 7296×10072, (705+1635), 150%, Repro 2.2 v2, 1/20 s, R61.7, G31.7, B45.4

Томас, инаку, има насликано слична слика со наслов „Демократскиот клуб“.