Ferrari J50 – лепотан до 243.000 евра за 50-годишнина на автомобилскиот гигант


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ferrari претставија ново специјално издание на модел за да ја одбележат 50 годишнината на нивното присуство на јапонскиот пазар, кој ќе биде изработен само во 10 примероци.

Се работи за моделот Ferrari J50 – двосед кабриолет базиран на моделот 488 Spider, со 3.9 литарски twin-turbo V8 мотор чија моќност во однос на Spider е подобрена за 20 коњски сили, и која изнесува вкупно 690 коњски сили.

17-12-ferrari-j50-2017-1

Ј50 е уште еден производ на одделот за специјални проекти на Ferrari – одговорен, меѓу другите, и за автомобили како 458 MM Speciale и SP275 RW Competizione. Како и овие модели, и J50 има исклучително впечатлив стил, а сите 10 модели ќе бидат модифицирани спрема специфичните побарувања на клиентите кои што ќе ги купат.

17-12-ferrari-j50-2017-2

Стилски, J50 има одредени заеднички елементи со легендарните модели F40 и F50 како што е црната линија која го „двои“ на средина, која дава илузија дека автомобилот е уште понизок, а забележителни се уникатните 20 инчни бандажи. Ентериерот на кабината, пак, е финиширан со црна и црвена кожа и алкантара (скап материјал сличен на превртена кожа).

17-12-ferrari-j50-2017-3

Бидејќи секој модел ќе биде модификуван и продаден на некои од најпознатите јапонски муштерии на Ferrari, детали околу цената нема, но во секој случај таа ќе изнесува минимум 243 000 евра, колку што е цената на стандардниот 488 Spider.

17-12-ferrari-j50-2017-4